Битиќи: Кон крајот на годината ќе добиеме нов модерен мост на „Љубљанска“, кој ќе ги поврзува граѓаните

Bez autora
Jul 04 2023

Кон крајот на оваа година ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри, со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, изврши увид во градежните работи на мостот „Љубљанска“ во општина Карпош за кој се одвоени над 6 милиони и 200 илјади евра и ќе поврзе два дела од градот, поточно фреквентните улици Илинденска и Скупи, мостот ќе ги поврзе меѓу себе и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

„Задоволен сум од динамиката со која се врши изградбата бидејќи долната конструкција на мостот е завршена и моментно се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и на плочата помеѓу крајниот и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување плоча помеѓу столбовите. По завршувањето на работите, ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри, со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, кое граѓаните на Скопје и на Северна Македонија го заслужуваат. Очекувањата се работите на мостот да се финализираат кон крајот на оваа година“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство за динамиката на почнатите проекти од „ТАВ програмата“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik